Тера Мадре Салоне Дел Густо 2016 излегува на виделина!
01 Dec 2015 | Macedonian
Важни новости за интернационалниот настан кој на секој две години привлекува во Торино (Италија) илјадници земјоделци и занаетчии кои рачно произведуваат храна од 150 земји: на дваесеттгодишнината од првото издание на Салоне Дел Густо, и на триесетгодишнината од основањето на Slow Food во Италија организаторите на настанот одлучија да ги одбележат и двете годишнини со реорганизација на настанот во нов дух.
Местоположба
Локализирањето на настанот во Саемски простории е веќе застарена: темите поврзани со филозофијата на добра, чиста и исправна храна на светската мрежа на Slow Food и Тера Мадре Салоне Дел Густо, веќе се општоприфатени и треба да бидат претставени на што е можно поголем број на посетители.
Од овие причини Регионот Пиемонте, Градот Торино и Slow Food одлучија да му ги отворат вратите на настанот dell’evento, и да ги „запоседнат„ најубавите и најпрестижните места го градот. Parco del Valentino, Borgo Medievale, Palazzo Reale, Teatro Carignano, Circolo dei Lettori и Reggia di Venaria, (Паркот на Валентин, Средновековниот град, Кралската палата, Театарот Карињано, Друштвото на читатели и Кралската резиденција на Венарија), прогласена од УНЕСКО за сопственост на Човештвото се само дел од местата на кои ќе се одвива настанот .
Име
Од 1996, годината на првото издание, Салоне Дел Густо се зголеми и промени заедно со Slow Food. Во 2004 година првото Издание на Тера Мадре Салоне Дел Густо влијаеше длабоко врз целата интернационална асоцијација, и последователно врз Салоне Дел Густо,се до спојувањето во 2012 година.
Dal Од 2016, за јасно да се нагласи дека неможе да постои гастрономско задоволство без одговорност и одржливост, и да се даде соодветна важност на заедниците кои се бават со исхрана, настанот ќе се вика Тера Мадре Салоне Дел Густо.
Датум
Тера Мадре Салоне Дел Густо Салон на вкусот ќе се одржува од 22 до 26 септември 2016. Поместувањето за еден месец однапред на традиционалниот датум за одржување ќе им овозможи на учесниците да уживаат во климата крај на лето(inizio autunno) почеток на есен, и да ги доживеат на најдобар начин убавините на градот Торино.
Карло Петрини, Претседателот на Slow Food: «На затварањето на Expo (Експо) 2015 најавивме дека на нашата работа е само еден нов почеток: Тера Мадре Салоне Дел Густо, со новата поставка, ја претставува суштината на обновената заложба и волја да се продолжи во правецот започнат од страна на Slow Food во 1986. Најдобриот начин за прослава на 20 годишнината на Салоне Дел Густо и 30 годишнината од рагањето на Slow Food во Италија»,продолжува Петрини. «Сега како никогаш претходно сакаме да создадеме еден настан во согласност со местата на одржувањето, сензибилизирајќи ги уште повеќе учесниците за респект спрема нашата заедничка сопственост. Од оваа причина нема да градиме структури на плоштадите и историските места во Торино и ќе се трудиме да му оставиме на градот видлив придонес на заедништвото ».
За понатамошни информации контактирајте ја Канцеларијата за односи со јавност Slow Food Интернационал:
Паола Нано, +39 329 8321285 [email protected]
За прв пат организирано во 1996, Интернационалниот Салоне Дел Густо и еден од најважните настани на светот посветен на производителите на вино и храна, како и прилика за размена на искуства на происводителите и ко-дпроизводителите од целиот свет.
Последното издание,кое се одржа во Саемските простории во Торино во Октомври, привлече околу 220 000 посетители од повеќе од 60 Светски земји,со учество на 3000 претставници на Тера Мадре одприлика од 160 Земји, и подготви голем пазар со повеќе од 1200 експозитури од околу 100 Земји, помеѓу кои 300 производители на производи Slow Food и 400 заедници за храна поделени на географски области.
Slow Food вклучува милиони луге кои ја следат филозофијата за „добра,чиста и равилна„храна,мрежа составена од готвачи,производители,млади луге,риболовци и академци од повеке од 150 земји. Помеѓу нив 100,000 партнери здружени во повеке од 1,500 локални групи кои преку финансиско учество ги овозможуваат овие манифестации.
Change the world through food
Learn how you can restore ecosystems, communities and your own health with our RegenerAction Toolkit.