Тера Мадре Балкан 2014 : Делегати од 11 земји од Балканскиот регион ќе земат активно учество на третата средба на заедниците на храна, која оваа година ќе се одржи во Дубровник, Хрватска од 19 до 22 јуни

03 Jun 2014 | Macedonian

По претходните два вакви настани одржани во Софија, мрежата Тера Мадре Балкан го избра Дубровник за одржување на третата средба која ќе ги обедини сите заедниците на храна од Југоисточна Европа. На овој настан ќе присуствуваат повеќе од 200 делегати од 11 земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Република Македонија, Романија, Србија и Турција). На овој настан ќе присуствува и претседателот на Слоу Фуд – Карло Петрини, кој има целосна поддршка и од претседателот на Република Хрватска, Иво Јосипович.

Слоу Фуд во Бугарија им го препушти организирањето на настанот на Кино Окус и Слоу Фуд Дубровник, кои ја имаат целосната поддршка од Слоу Фуд, Хрватското Министерство за Земјоделство, локалната самоуправа на Дубровник – Неретва и градот Дубровник. Овој настан ќе се организира во соработка со Универзитетот од Дубровник како и со поддршка од Ф.А.О, ЗГ РЕДД и проектот “Трпеза за девет милијарди”.

Тера Мадре Балкан за прв пат се одржа во Софија во 2010 година, а воедно претставува и  прва ваква мрежа која ги обединува заедниците на храна од повеќето земји од ист регион. Балканските земји споделуваат заеднички карактеристични традиции поврзани со храната и се одликуваат со слични социо-еконосмки услови, во кои за зачувување на нивното рурално богатство потребна е заедничка и повеќегодишна работа која е надвор од националните граници.

Слоу Фуд и Тера Мадре формираа цврста мрежа во регионот во која се вклучени повеќе од 1500 членови, 16 Слоу Фуд Президиуми, 80 заедници на храна, 25 готвачи и 15 едукативни училишни програми за здрава исхрана и вкус.

Настанот ќе понуди серија на конференции и дебати, кои ќе се одржат во Универзитетот во Дубровник. Историскиот парк Градац ќе биде домаќин на Пазарот на Фармери, каде што ќе има над 30 штандови каде посетителите ќе имаат можност да откријат со голем број на производи од заедниците на храна и Слоу Фуд Президиуми од Балканот.

Настанот исто така ќе има за цел да собере средства за поддршка на неколкуте заедници на храна кои претрпеа штети од досега најлошите поплави кои ги зафатија Босна и Србија во изминатите 120 години. Слоу Фуд исто така помогна кон собирање на овие средства со поставување на линк на својата интернет страница каде ќе може да се донираат средствата:

http://localhost/slowfood/donate/pagine/eng/donate/dettaglio_progetti.lasso?-idp=061

Третото по ред одржување на настанот Тера Мадре Балкан е организиран во рамките на проектот ЕССЕДРА, кој е кофинансиран од Европската Унија и во соработка со Генералниот Директорат за Проширување. Слоу Фуд го промовираше овој проект кој има за цел да им  помогне на земјите од Балканскиот Регион и Турија во процесот на интеграција во Европската Унија преку зајакнување на капацитетите на здруженијата на граѓани, кои понатака би имале можност да влијаат врз националните политики и да го промовираат одржливиот рурален развој.

На овој настан ќе имаат можност да се промовираат и повеќе од 150 производи од Балканот кои се веќе дел од каталогот на Слоу Фуд Арката на Вкусови, во која се каталогизираат производи од малите производители, кои им припаѓаат на различни култури, истории и традиции од целиот свет на кои им претстои ризик од исчезнување.

Интернационалниот настан Тера Мадре и Салоне Дел Густо оваа година ќе се одржи во Торино во текот на месец Октомври и тоа од 23 до 27. Салоне дел Густо и Тера Мадре повторно се обединети како еден настан на кој ќе се претстават Тера Мадре заедниците на храна од целиот свет како и производителите, Слоу Фуд Президиумите и готвачите и во исто време ќе се одржуваат и Работилници за Вкус и различни едукативни активности. Салоне дел Густо и Тера Мадре во 2014 година во Торино ќе бидат домаќин на изложбена површина од околу 100 квадратни метри кои целосно ќе бидат посветени на Балканот, каде што повеќе од 50 заедници на храна и Слоу Фуд Президиуми ќе имаат можност да ги презентираат и продаваат своите производи.

За повеќе информации:

www.slowfood.it

www.essedra.com

www.terramadre.org

www.fondazioneslowfood.it

www.kinookus.com

Michele Rumiz

Slow Food – Area Coordinator for the Balkans

+39 0172 419 746; [email protected]

Paola Nano

Slow Food International – Press Office

[email protected]

Ivo Kara Pesic

Event Coordinator and leader of Slow Food Dubrovnik – KinoOkus

+385 95 9295 764; [email protected], [email protected]

Change the world through food

Learn how you can restore ecosystems, communities and your own health with our RegenerAction Toolkit.

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Full name
Privacy Policy
Newsletter