„Тера Мадре Балкан“ оди во Брисел!

05 Apr 2018 | Macedonian

Петтото издание на „Тера Мадре Балкан“ – настанот на кое се состануваат заедниците за храна од Југоисточна Европа – ќе се одржи во престолнината на Европската унија од 21-ви до 23-ти мај 2018 година.

 

По четирите претходни изданија кои беа организирани во Софија (2010, 2012), Дубровник (2014) и Тирана (2016), мрежата „Тера Мадре Балкан“ реши нејзиниот глас да одекне во средиштето на европската дебата, во година која е од суштинско значење за иднината на новата Заедничка земјоделска политика.

Над 100 делегати од 9 земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Република Македонија, Романија и Србија) ќе се состанат во Брисел, претставувајќи го разновидниот потенцијал со кој располага „Тера Мадре Балкан“ – мрежа која своите длабоки корени ги влече од регион во кој има илјадници поддржувачи, 24 Президиуми на „Слоу Фуд“, над 100 заедници за храна, 50 готвачи и 15 едукативни програми за исхрана и вкус.

Балканот како регион вој кој се наоѓаат најголем број мали земјоделци во ЕУ, е домаќин со извонредни земјоделски практики и прехранбени традиции. Најчеста пречка со која се соочува ваквиот потенцијал се неусогласените политики, нивното спроведување и реалноста на терен.   Наредните месеци ќе бидат од суштинско значење за утврдување на насоките по кои ќе се движи новата Заедничка земјоделска политика, чие што влијание особено ќе се почувствува кај новите земји-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство. Во „Слоу Фуд“ се уверени дека реформираната ЗЗП треба холистички да го опфати не само производството на храна, земјоделството и трговијата, туку исто така и квалитетот на храната и животната средина, здравјето, ресурсите и управувањето со земјиштето, екологијата, општествените и културните вредности. Како што е замислена, ЗЗП би можела навистина да обезбеди одржлив рурален развој, со што ќе придонесе за подлабока интеграција во рамките на ЕУ.

„Тера Мадре Балкан“ ќе организира низа настани чија цел е да се прикаже скриенииот потенцијал со кој располага Балканот, почнувајќи од дебати за политики, до дегустација на храна и вмрежување на производители на домашно приготвена традиционална храна од регионот.

„Тера Мадре Балкан“ се одржува во рамки на бугарското претседавање со Советот на ЕУ, кое посебно внимание му посветува на Западниот Балкан и иднината на земјите од Западниот Балкан во ЕУ. Според тоа, фокусот на овогодишното издание ќе биде конференцијата насловена „Потенцијалот на Западен Балкан за одржлив рурален развој како двигател кон интеграција во ЕУ“. Домаќини на конференцијата која ќе се одржи во вторник, 22 мај, во Европскиот парламент, ќе бидат пет членови на Европскиот парламент: Владимир Урутчев и Андреј Ковачев (Бугарија), Адина-Јоана Валеан (Романија) и Дубравка Шуица и Ивана Малетиќ (Хрватска). Конференцијата ќе се фокусира на потенцијалот на Западен Балкан за одржлив рурален развој како двигател на интеграцијата во ЕУ“. 22 мај, Меѓународниот ден на биолошката разновидност, ќе биде прославен со изложба и дегустација на биолошки разновидна храна од Балканот пред кантината на Парламентот, а производите ќе бидат избрани од тие на Президиумот на Слоу Фуд и Арката на вкусови од регионот.

Бугарското кисело млеко од бугарски автохтони раси ќе се презентира во различни видови од страна на готвачот Георги Бојковски (Бугарија) во кантината на Европскиот парламент.

На конференцијата насловена „Иднината на балканското прехранбено наследство“ која ќе се одржи на 23 мај, дополнително ќе се разгледаат потребите, ограничувањата и потенцијалот на балканските производители на традиционална храна со цел да се додаде вредност на нивната храна преку европските шеми за квалитет (PDO/PGI). Конференцијата ќе биде организирана во партнерство со Генералниот директорат за земјоделство, а домаќин ќе биде бугарското Постојано претставништво во Брисел.

Вечерта на 22 мај, вторник, рестораните од Алијансата на готвачи од Слоу Фуд во Брисел, ќе организираат вечери на кои ќе присуствуваат и гости, готвачи од Балканот. Заедно, ќе формираат партнерства и ќе подготват ад хок менија, во кои ќе го претстават богатството на балканското гастрономско наследство, кое е сè уште непознато за голем број луѓе.

Петтото издание на „Тера Мадре Балкан“ е организирано од „Слоу Фуд Балкан“, заедно со членовите на Европската народна партија од Европскиот парламент од Бугарија, Хрватска и Романија, кои учествуваат во Делегациите на ЕП за односи со земјите од Западниот Балкан и е овозможено благодарение на придонесот на Европската комисија и Постојаното претставништво на Република Бугарија во ЕУ.

 

За дополнителни информации:

www.slowfood.com

www.terramadre.org

www.slowfoodfoundation.com/

 

Десислава Димитрова

Претседател на „Слоу Фуд Балкан“

+359 885 432 540

[email protected]

 

Мишел Румиз

Локален координатор за Балканот на „Слоу Фуд“

+39 345 027 2014; [email protected]

Паола Нано

Директор на Меѓународната канцеларија за печат на „Слоу Фуд“

[email protected], [email protected]

 

Ан-Мари Матарес

Директор за комуникации во Канцеларијата во Брисел на „Слоу Фуд“

+32 494 245 185; [email protected]

 

Слоу Фуд е глобална граѓанска организација која има визија за свет во кој сите луѓе имаат пристап и уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние што ја одгледуваат и добра за планетата. Слоу Фуд вклучува повеќе од еден милион активисти, готвачи, експерти, млади, земјоделци, рибари и научници од над 160 земји.

Change the world through food

Learn how you can restore ecosystems, communities and your own health with our RegenerAction Toolkit.

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Full name
Privacy Policy
Newsletter