Малите производители на млечни производи и Европа

03 Aug 2015 | Bulgarian

Во рамките на Cheese 2015 ке се разговара за како да се спроведат европските игиенски нормативи  заштитувајки го истовремено традиционалниот начин на производство.

Хигенска исхрана е воведување на флексибилни мерки за малите производители во внатрешноста на хигиенскиот пакет на Европската Унија.Теми особено важни  имајки во предвид дека многу мали производители се соочуваат секојдневно со законски проблеми поставени во уставот. Како може да се заштити традиционалното сирење гарантирајки ја истовремено сигурноста на потрошувачите?

Ке се дискутира на Cheese 2015 од 18 до 21 септември во Бра Италија во текот на конференцијата Малите производители на млечни производи и Европа,поконкретно на 21 септември во 15 часот во домот на Биоразличноста.

Хигиенскиот пакет е Европски закон што ги засега сите фази на производството,обработката,дистрибуирањето и продажбата на пазарот на храна за човечка употреба.

Во некои земји,особено во оние кои се кандидати за влез во европската унија,строгата вредливост на европските стандарди за сигурноста во исхраната ги притиска малите производители приморувајки ги да се повлечат од пазарот. Во Турција и Македонија на пример,европскиот пакет за хигиената во исхраната е подложен на различни толкувања од страна на локалните власти приморувајки ги малите производители на брза адаптација, приморани да ја жртвуваат автентичноста на производите заради следење на стандардите.Малите локални производители се соочуваат со големи проблеми во обидот да се прилагодат на новите стандарди подложувајки  се на високи трошоци и  полу -индустриализација на производството.

Во рамките на проектот Ерасмус Плус предводен од турскиот университет од Ардахан, Slow Food Италија соработува со мрежа на мали млечни производители, Què Red (Шпанија), Slow Food Битола (Mакедонија) и здружението Bogatepe (Турција). Целта на проектот е заштита на малите производители на млечни производи од турско е македонско потекло претставувајки примери за флексибилност во преодот кон употреба на хигиенско-санитарните закони.Преку размена на искуства и споделба на примери,Slow Food сака да докаже дака е можно да се зачува традиционалниот начин на преработка на свежото млеко гарантирајки ја во исто време сигурноста на потрошувачите.

На состанокот на Cheese во понеделник 21 септември ке учествуваат: Ремедиос Караско, уредничка на Què Red (Red Espanola de Queserfas de Campo y Artesanas); Ангел Непомучено, инспекрор за службени санитарни контроли во Шпанија, Емануела Черути, производителка е преставителка на производите на групата на Slow Food од Macagan, Елена Каровска, од Slow Food Битола, уредничка на проектот  Erasmus Plus за Македонија; Илхан Кочулу, производител на Kars Gravyeri, сирење што се произведува и користи во исхраната во источниот дел на Турција каде пасиштата се на висина од 1800 метри.Производството на Kars Gravyeri постои ризик да биде прекинато поради се поголемата механизација во процесот на производството на сирења,намалувањето на бројот на млечни крави и се постртогите закони на Европската Унија.

Помегу турските сирења,заради строгите хигиенски правила е загрозено производството и на Türkmen Saçak, едно од нај античките сирења во пределот на Кавкас. Од  македонските: планинското сирење од Мавровска река како и Кашкавалот од Шарпланинската овца, Биеното сирење, произведувано и за време на турското ропство и Бело сирење што се произведува во Националниот Парк Маврово,во западниот дел на Македонија. Во овој регион,заради економската неразвиеност и емиграцијата на населението традицијата за производство на овој вид на сирење е на локално ниво.

Cheese постои благодарение на залагањето на компаниите кои веруваат во можноста за квалитетна преработка на млекото и млечни производи,помегу кои Официјалните Партнери: Consorzio Parmigiano Reggiano, Lurisia, Pastificio Di Martino, Radeberger Gruppe Italia.

Од 18 до 21 септември во Бра,Италија,се оддржува десетото издание на Cheese, интернационална манифестација која се организира на секои две години,посветена на различните форми на млекото и традиционалните производители.

                 За подетални информации во канцеларијата за печат на Slow Food интернационал:

Paola Nano, +39 329 8321285 [email protected]

градот Bra: Raffaele Grillo – Elena Martini +39 0172 438278, [email protected]
 www.slowfood.it-  www.comune.bra.cn.it

Slow Food вклучува милиони луге кои ја следат филозофијата за „добра,чиста и равилна„храна,мрежа составена од готвачи,производители,млади луге,риболовци и академци од повеке од 150 земји. Помеѓу нив 100,000 партнери здружени во повеке од 1,500 локални групи кои преку финансиско учество ги овозможуваат овие манифестации.

 

Change the world through food

Learn how you can restore ecosystems, communities and your own health with our RegenerAction Toolkit.

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Full name
Privacy Policy
Newsletter