„Од среднорочниот извештај на Европската комисија за биолошката разновидност, ситуација која е сѐ поалармантна“
Деновиве Европската комисија го објави среднорочниот извештај за мониторингот на биолошката разновидност во Европа. Документот, кој содржи 18 страници, заклучува дека во текот на изминатите четири години, и покрај напорите направени во 2011 година од страна Државите Членки, се нема случено подобрување на состојбата на биолошката разновидност на живеалиштата (хабитат) поврзани со земјоделството и досега не е постигнат напредок за остварување на целите поставени за 2020 година.
Поконкретно, 77% од европските живеалишта продолжуваат да бидат во негативна состојба, а 56% од видовите (растителни и животински) се во опасност.
Неодамнешниот извештај на Европската комисија покажува дека не се прави доволно, и го наведува интензивното земјоделство како една од главните причини за нарушување на биолошката разновидност.
Намалувањето на биолошката разновидност што е во тек може да доведе до исчезнување на еден биолошки вид од 10 до крајот на овој век. Според научниците, поминуваме низ шестото масовно истребување во историјата, а човекот со неговите активности е главната причина за тоа.
Пјеро Сардо, претседател на Фондацијата Slow Food за биодиверзитет, потсетува: „Slow Food работи на заштита на агро-прехранбениот биодиверзитет повеќе од 15 години, а со неговите проекти Президиуми и Арка на вкусот постигна конкретни резултати во многу земји во светот, како што беше потврдено од страна на една студија спроведена со универзитетите во Торино и Палермо. Но, се работи за капка во морето“, додава тој, „и мораме да кажеме јасно и гласно дека е потребна вистинска , целосна културна револуција: оваа катастрофална состојба може да се промени само со менување на потрошувачките навики од страна на сите нас. Од денес, започнуваме нова фаза, како одговор на една екстремно ургентна ситуација: Slow Food формира Опсерваторија за агробиодиверзитет, преку која ќе се обидеме да информираме на едноставен и пристапен начин, ќе се фокусираме на проблематични ситуации, ќе ги посочуваме можните решенија и ќе ставаме акцент на веќе добиените позитивни резултати, на таков начин што позитивните искуства ќе можат да се применат и да се приспособат на различни локални ситуации. Изборот помеѓу два модела на производство треба да биде јасен: интензивното земјоделско производство на храна е главната причина за губење на биолошката разновидност. Моделот на мултифункционално, поливалентно земјоделство со мал обем може со време да ги одржи квалитетот и репродуктивноста на природните ресурси, да го зачува биодиверзитетот, како и да обезбеди интегритет на екосистемите.“
Веб страницата на Опсерваторијата за биодиверзитет Slow Food може да се види тука.
За подетални информации во канцеларијата за печат на Slow Food интернационал:
Paola Nano, +39 329 8321285 [email protected]
Slow Food вклучува милиони луге кои ја следат филозофијата за „добра,чиста и равилна„храна,мрежа составена од готвачи,производители,млади луге,риболовци и академци од повеке од 150 земји. Помеѓу нив 100,000 партнери здружени во повеке од 1,500 локални групи кои преку финансиско учество ги овозможуваат овие манифестации.