Од 29ти јуни до 1ви Јули 2012 во Универзитетот во Софија (Бугарија) ќе се оддржи второто издание на Тера Мадре за Балканот.
Основана во Софија пред две години, мрежата на Тера Мадре за Балканот е прва од ваков вид што обединува заедници на храна од различни држави од еден ист регион. Балканските држави споделуваат уникатни традиции што се однесуваат на исхраната и слични социјално – економски услови. Секако, зачувувањето на гастрономско наследство на балканските народи има потреба од заеднички и сериозни напори што ги надминуваат националните граници.
За само две години, Здружението Слоу Фуд и мрежата на Тера Мадре добро се зацврстија на балканските простори: денес имаат креирано солидна мрежа со повеќе од 1500 членови, 11 Слоу Фуд Президиуми, 60 Заедници на храна, 15 програми за едукација во исхраната и едукација за вкусови во училиштата и 25 готвачи. Слоу Фуд помеѓу останатото поддржува повеќе од 25 проекти во овој регион, реализирајќи и помагајќи повеќе активности: од заштита на малите производства базирани на квалитет за кои постои опасност од изчезнување, па се до, одбележување на локалните традиционални производи, промовирање на краток ланец за дистрибуција на производите и локалната економија и иницијативи за едукација за мирис и за вкус.
Оваа година, мрежата ќе се сретне повторно во Софија, каде што ќе се разговара за новата Земјоделска Политика на Европската Унија, за опасностите и можностите што истата ги има врз малите производители било да се тоа од Земјите дел од Европската Унија или од некоја од земјите кандидати за влез во Европската Унија. Ќе учествуваат повеќе од 150 делагати од повеќе од 10 држави: Албанија (15 делегати), Босна и Херцеговина (14), Бугарија (45), Хрватска (8), Грција (5), УНМИК во Косово (3), Македонија(20), Романија (23), Србија (10) и Турција (10).
Покрај трите конференции во програмата, Ботаничката Градина при Универзитетот во Софија ќе биде домаќин и на серија настани отворени за посетителите, како тркалезни маси за дискусии, eat- ins како и активности за сензорска едукација на деца. Во сабота попладне ќе биде отворен пазар во рамките на Ботаничката Градина, за сите посетители каде што ќе може да дегустираат и да се откријат серија на производи од заедниците на храна и Президиумите на Слоу Фуд од целиот регион.
Тера Мадре е мрежа основата од Слоу Фуд во 2004 година во Торино за време на првата средба на светско ниво помеѓу заедниците на храна. Мрежата ги обединува сите оние што се дел од ланецот на исхрана; мали производители, готвачи, универзитетски професори и младите генерации; со цел да се разговара како да се подобри системот на исхрана и да се поддржи производство на храна што е добра, чиста и вистинска.
Манифестацијата е организирана од страна на Здружението на Слоу Фуд Конвивиуми во Бугарија во соработка со Слоу Фуд, со поддршка од Отворено општество, Културна програма за градот Софија и од Слоу Фуд. Тера Мадре за Балканот користи помош од Фондацијата New Culture, Европскиот Институт, Ботаничката Градина при Универзитетот во Софија и од Институтот за Биодиверзитет и за Екосистеми при Бугарската Академија за Наука.
Interimage Ltd ќе се погрижи за логистичката поддршка на манифестацијата додека Menu Magazin ќе биде задолжен за промотивните активности.
Тера Мадре и Салонот на Вкусови оваа година ќе се одржат во Торино од 25 до 29 октомври. Оваа година за прв пат Салонот на Вкусови и Тера Мадре се обединуваат во еден единствен настан: една единствена приказна што ги обединува мрежите на заедниците на храна на Тера Мадре со огромното богатсво, во наследство од Меѓународниот Салон на Вкусови, на производители, готвачи, Работилници за вкусови, образовни активности, Президиуми на Слоу Фуд е институции.
Тера Мадре и Салонот на Вкусови се оддржуваат на изложувачки простор од 180 метри квадратни посветени на Балканот, каде што повеќе од 50 помеѓу зедници на храна и Президиуми Слоу Фуд, ќе ги изложат за дегустација и за продажба на своите производи. Просторот ќе биде организиран во четири дела преку откривање на биодиверзитетот на регионот: сирењата, прозводи во тегла, вино и ликери, билки.
За повеќе информации:
Миќеле Румиц
Slow Food – Претставник од Слоу Фуд за Балканот
+39 0172 419 746; [email protected]
Паола Нано
Slow Food – Press Office
+39 0172 419 645, [email protected]
Дессислава Димитрова
Координатор на настанот и Советник во Slow Food Internazionale
+359 885 432 540; [email protected]