Slow Food
   

Програма за Тера Мадре Балкан 2014


12 Jun 14

Организирано од страна на Кино Окус со поддршка на Слоу Фуд, третото издание на Тера Мадре Балкан ќе се одржи од 19 до 22 Јуни во Дубровник, каде ќе се сретнат заедниците на храна од Југоисточна Европа кои ќе ги прослават нивните традиции поврзани со храната со што ќе го пренесат повикот за преземање на акција за заштита на нивното рурално наследство. На овој настан ќе учествуваат повеќе од 200 делегати од 11 земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Република Македонија, Романија, Србија и Турција).

На Тера Мадре Балкан ќе учествува и основачот и претседател на Слоу Фуд Карло Петрини, кој ќе зборува на две конференции кои ќе се одржуваат во Сабота на 21 Јуни.

Суштински дел од овој настан е Пазарот на Фармерите кој ќе биде поставен во историскиот парк Градац на кој ќе учествуваат претставници од 68 заедници на храна од Југоисточна Европа. На пазарот ќе има 32 штандови – најмалку по еден за секоја од единаесетте земји учеснички – на кои ќе има производи кои се Слоу Фуд Президиуми (Slow Food Presidia) или производи кои се дел од Арката на Вкусови (Ark of Taste). На Пазарот исто така ќе бидат изложени Слоу Фуд Президиум производи од различни земји, меѓу кои и: Сирењата од Мавровско - Реканскиот Регион (Mavrovo Reka Mountain Pasture Cheeses) (Македонија), Bucegi Mountains Branza de Burduf (Романија), Gledić Crvena Ranka Plum Rakija (Србија), Seyez Wheat Bulgur (Турција).

На Пазарот на Фармерите може да најдете дел од селектираните автохтони Хрватски сирења и млечни производи, меѓу кои и ‘škripavac’, сирење кое е произведено од млеко од буша (раса на говеда и сирење кои се номинирани во Арката на Вкусови - Ark of Taste), сувото конусно сирење од Меѓимурскиот регион, козјо сирење од источна Славонија, како и препознатливото сирење Пашки произведено од фамилијарната млекарница од островот Паг.

Пазарот е место каде секој посетител ќе може да открие ретки производи и да ги вкуси, но и од прва рака да ја чуе приказната од производителите или нивните претставници кои истовремено ќе го споделат сопственото искуство и древното знаење за нивната територија, традиционалните техники на производство и посебните карактеристики на производот. Овој вид на едукација на храна ќе ви овозможи да ја доживеете храната преку различните сетила: од видот и слухот, до вкусот и мирисот.

Ова се некои од конференциите кои се одржуваат по повод Тера Мадре Балкан на Универзитетот во Дубровник, во универзитетскиот двор, амфитеатарот:

-       Тера Мадре Балкан пленарна конференција: Тера Мадре Балкан делегатите ќе се сретнат на пленарната конференција на која ќе бидат претставени темите за наредните денови: од улогата на ЕУ за поддршка на малите – семејни фармери во регионот, до повикот за одржливо рибарство во Јадранското море; од традиционалните производи и Географската ознака, до Слоу Фуд Арка на Вкусови и Президиум производите; од улогата на младите во земјоделството и производството на храна до потребата за едукација на вкусот помеѓу различните општества од Балканот. Петок, 20 Јуни, 10:30 ам – 1:00 пм.

-       Поддршка на малите – семејни фармери на Балканот: ЕУ често се обвинува за донесување на строги закони и регулативи кои ги ограничуваат малите – семејни производители, на тој начин заканувајќи им се на локалните традиции и знаењата кои се поврзуваат со занаетчиското производство на храна. Оваа конференција ќе има за цел да ги претстави флексибилните мерки кои постојат во ЕУ регулативите, каде ќе се споделат искуствата во кои владите на некои од земјите на Балканот кои се членки во Европската Унија, ја искористија оваа можност. На оваа конференција ќе се презентира и заклучокот кој се однесува на Земјоделските политики од заедничката соработка на ЕССЕДРА и Форум Синерџи, каде после направените дополнувања и измени ќе биде и официјално пуштена. Петок 20 Јуни, 3:00 – 5:00 пм.

-       Конференција за Традиционалните производи и Заштитена географска ознака (ЗГО): иако повеќе од 1 400 производи се со заштитена ознака за географско потекло во Европската Унија, само неколку од нив потекнуваат од Балканскиот регион. Оваа конференција која ќе биде организирана од ФАО и ЗГ РЕДД, ќе има за цел да го појасни процесот кој е неопходен за воведување на Географските ознаки. На оваа конференција ќе биде претставени примерите со мандарините од Хрватската долина на Неретва и куленот од Барањскиот регион, проследени со презентација  за производите од Хрватскиот Остров, презентирана од Хрватскиот министер за Регионален развој. Петок 20 Јуни, 5:30 – 8:00 пм.

-       Покрај Арката на Вкусови – Дефинирање на стратегија за зачувување на загрозените Традиции поврзани со Храната: повеќе од 120 производи од Балканот и Анадолија се веќе дел од Арката на Вкусови – интернационален каталог на Слоу Фуд во кој се каталогизираат производи на кои им се заканува опасност од исчезнување. Овие производи се дел од културата на локалните заедници, кои како резултат на различни економски, политички и социјални причини се ранливи и не може да се продолжи со производство на оваа уникатна Балканска храна. Главна цел на Тера Мадре Балкан Мрежата е да се дефинираат следните чекори и алатки кои ќе се користат во заштитата на овие производи од исчезнување и во помагањето на локалните заедници на храна. Карло Петрини ќе има воведен говор на оваа конференција. Сабота 21 Јуни, 10:00 – 12:00 ам.

За целосната програма на овој настан и одржувањето на конференциите, ве молиме посетете ја: http://www.essedra.com/media/ING_depliant-TM-balcani.pdf

За повеќе информации:

www.slowfood.com

www.terramadre.org

http://www.slowfoodfoundation.com/

www.kinookus.com

Michele Rumiz

Slow Food – Area Coordinator for the Balkans

+39 0172 419 746; m.rumiz@slowfood.it

Paola Nano, Sharon Aknin

Slow Food International – Press Office

p.nano@slowfood.it - s.aknin@slowfood.it

Ivo Kara Pesic

Event Coordinator and leader of Slow Food Dubrovnik - KinoOkus

+385 95 9295 764; kinookus@gmail.com, terra.madre.balkan@gmail.com

Интернационалниот настан Тера Мадре и Салоне Дел Густо оваа година ќе се одржи во Торино во текот на месец Октомври и тоа од 23 до 27. Салоне дел Густо и Тера Мадре повторно се обединети како еден настан на кој ќе се претстават Тера Мадре заедниците на храна од целиот свет како и производителите, Слоу Фуд Президиумите, готвачите a во исто време ќе се одржуваат и Работилници за Вкус и различни едукативни активности. Салоне дел Густо и Тера Мадре во 2014 година во Торино ќе биде домаќин на изложбена површина од околу 100 метри квадратни кои целосно ќе бидат посветени на Балканот, каде што повеќе од 50 заедници на храна и Слоу Фуд Президиуми ќе имаат можност да ги презентираат и продаваат своите производи.